Роби Вилијамс со нов албум

Од:

Новиот албум на британската музичка ѕвезда Роби Вилијамс е готов и ќе биде објавен официјално на 5. ноември годинава.

Албумот е насловен „Take the Crown“, а пилот – синглот „Кенди“ ќе излезе на 29. октомври.

За оваа „заразна“ и типична поп песна, популарниот пеач вели:

„Тоа е летна песна за една девојка која за себе мисли дека е брилијантна. Таа можеби е и таква, но сепак малку е злобничка. Некои од песните се пишувани долго време, а некои пак за час беа целосно готови и немаше што многу да се размислува за нив. Јас навистина не знам како и зошто сето тоа наеднаш излезе од мојата глава. Едноставно тоа беше тоа“, вели Роби.

Новиот албум доаѓа по паузата што прави Вилијамс веќе некое време во својата соло кариера, но и по успешната тунеја со „реинкарнираната“ поранешна група „Тејк дет“.

Ова е првиот негов труд под капата на „Island/Universal“

Со над 60 милиони продадени примероци од своите албуми, во текот на неговата соло кариера, Роби е најпродаваниот британски соло уметник, а има освоено повеќе „Brit Awards“ од било кој друг досега, вкупно 17 на број.

Шест од неговите албуми се наоѓаат на „Топ 100“ листата на најдобро продавани албум во Велика Британија. Тој влезе во Гинисовата книга на рекорди 2006. година со продажба на 1,6 милиони билети за концерт во само еден ден.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска