Роби Вилијамс постираше слика од својата ќеркичка

Од:

Гордиот татко Роби Вилијамс се пофали со својата ќеркичка на Твитер. Два дена старата Теодора Роуз најмирно спие во прегратките на својот татко – познатиот пеач и поранешен член на тин-атракцијата Тејк Дет. Облечена само во пелени, малата убавица веќе го доби својот прекар од татко си – Теди (меченце). Гордиот татко под сликата напишал: „Вториот обид за пресоблекување пред спиење, Втoр ден на планетата за Теди“.

Сопругата на Роби Вилијамс, Аида Филд се породи во вторникот рано наутро, во приватна болница во Лондон. пресреќниот татко прво објави: Бебето, мама и тато сите се добри!

Потоа на својот веб сајт Вилијамс напишал: „Благословена биди Tеодора Роуз Вилијамс, нагалено именувана како Теди. Ви Благодарам на сите за убавите желби“.

Честитки за првото дете Роби доби и од својот колега од бендот Гери Барлоу, кој и по семејната трагедија минатиот месец коаг нeговoто четврто дете беше мртво родено, собра сили и напиша: Огромни честитки Роб и Аида, пресреќен сум за вас.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска