Роби Кин објави крај на кариерата

Од:

Долгогодишниот капитен на репрезентацијата на Ирска, Роби Кин објави крај на својата кариера.

Триесет и осум-годишниот напаѓач ги „закачи копачките“ по 21-годишна кариера, која ја почна како тинејџер во тимот на Вулверхемптон и продолжи во тимовите на Ковентри, Интер, Лидс, Тотенхем, Ливерпул, Селтик, Вест Хем, Лос Анџелес Галакси, Астон Вила и индискиот АТК.

За репрезентацијата на Ирска, Кин има 146 натпревари и 68 гола.

Минатата недела Кин беше назначен за помошник на новиот менаџер на националниот тим на Ирска, Мик МекКарти.

Би можело да ве интересира

Ирска воведе исти премии за фудбалерите и фудбалерките

Ана Ололовска

Мик Мекарти се враќа на чело на Ирска

Наум Локоски

О’Нил повеќе не е селектор на Република Ирска

Ана Ололовска

Трапатони поднесе оставка од селекторската функција во Република Ирска

Ана Ололовска