Роберт Дауни Џуниор – најплатен актер

Од:

Роберт Дауни Џуниор го предводи овогодишниот попис на најплатени холивудски актери пред Ченинг Тејтум и Хју Џекман, објави Форбс.

Дауни (48), ѕвезда на филмските хитови Ајрон Мен 3 и Одмаздници – од кои секоја на кино благајните заработи повеќе од милијарда долари, заработил во изминатата година 75 милиони долари.

Тејтум (33) за една година заботи 60 милиони долари, додека австралискиот актер Џекман (44) е трет, со заработени 55 милиони долари.

Следат Марк Валберг, Двејн Џонсон, Адам Сендлер, Дензел Вашингтон, па Том Круз, за кого овогодишното осмо место е голем пад во однос на минатотогодишното прво место.

Форбс го составува списокот, проценувајќи ја заработката врз основа на јавно достапни податоците, и разговара со менаџерите, продуцентите и застапниците на актерите.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска