Рибар од Чапљина во Неретва уловил „паклара“, една од најретките риби во светот

Од:

Томислав Лимов од Габела, кај Чапљина, уловил риба од „црвената листа“ на загрозени животни, пишува порталот „Блјесак“.

Лимов прво помислил дека станува збор за јагула, но подоцна дознал дека неговиот 55 цантиметри долг улов всушност е „паклара“, многузагрозен вид риба.

„Пакларата“ нема вилица, туку постојано отворена уста со пипци и заби кои се прилепуваат за својата жртва и и ја цицаат крвта, но може да се храни и со угинати животни.

Посебноста на „пакларата“ лежи во тоа што тие веќе 500 милиони години не се многу променети, а дел од животот го минуваат во море, дел во слатките води.

Бидејќи оваа ретка риба никогаш порано не била видена, нитууловена во Неретва и околните води, не требало долго време за да се развие приказната дека таа всушност се упатила кон Европската унија, која од ова место е оддалечена само неколку километри.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on