Рајан Филипе го придружуваше младиот Дикон на новиот работен ангажман

Од:

Децата на Риз Витерспун и Рајан Филипе пораснаа и, според многумина, изгледаат како „помлади двојници“ на своите родители – особено Дикон, кој на некои обожаватели им личи на „близнак“ на татко му откако овој повторно објави семејни слики на Инстаграм.

Во една од последните „Инстаграм-приказни“ на Филипе, тој и неговиот син се во сиви одела. Според насловите, се работи за прослава на стажантството на Дикон. Објавата содржеше повеќе фотографии.

Засега не се откриваат подробности за новиот бизнис ангажман на момчето, кое инаку е музички композитор.

Многумина се сложија дека тинејџерот и неговиот татко воопшто не се разликуваат. Покрај чувството за мода, тука е и изгледот, ликот, насмевката и убавината – како што истакнуваат обожавателките.

Тинејџерските ѕвезди од хит-филмот oд 1990-тите, „Сурови намери“ – Витерспун и Филипе ја имаат и нивната ќерка Ава (21). Најмалото дете на Риз, пак, – Тенеси (8) е од нејзиниот сегашен брак со Џим Тот.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска