Мелани Си, поранешната членка на популарната група Spice Girls, ја прекина љубовната врска со своето момче по 10 години.
Двојката беше во врска десет години и имаат тригодишна ќерка, Скарлет.
Мелани и Томас (45) се сретнаа на одмор во Барселона, 2002 година.
Таа токму за него зборуваше во едно свое интервју дадено за Good Housekeeping.
-Јас сакам мојата куќа да е уредна, многу сум војнички ориентирана кога станува збор за средувањето. За жал, уште некој друг живее таму – еден маж. Но, некако ние се согласуваме, тој е спонтан, а јас организирана“, рече пред неколку недели поранешната Спејсовица и веќе не се заедно.