Роверот „Истрајност“ за првпат се придвижи, во кратерот на Марс именуван по босанско село

Од:

Роверот на НАСА „Истрајност“ (Perseverance) за првпат се движеше по површината на Марс, а како што може да се види на објавените снимки и фотографии од НАСА, роботот со тежина од еден тон поминал кратко растојание и се свртел во круг.

Планот на американската агенција е роверот во период од две години да помине растојание од 15 километри.

Клучната цел на мисијата на „Истрајност“ на Марс е астробиолошко истражување што вклучува потрага по знаци на древен живот во вид на микроби. Роверот ќе ја анализира геологијата на планетите и климата во минатото и ќе го отвори патот за истражувањата на Црвената Планета од страна на човекот, а ќе биде првата мисија за собирање и складирање примероци од карпи и реголит на Марс.

Роверот атерира во неистражена област на планетата – кратерот „Езеро“, именуван по едно село во БиХ. Некои долини што водат до овој кратер се именувани по реките Сава, Неретва, Плива и Уна.

Кратерот „Езеро“ е едно од најдобрите места за барање древен живот, бидејќи пред околу 3,9 милијарди години веројатно бил исполнет со вода, според претпоставките на научниците. Претходните анализи покажаа дека наслагите во кратерот се богати со минерали што се формираат во присуство на вода, што, пак, значи дека таму некогаш можеби постоел живот. Фосилите вообичаено се наоѓаат во слични седименти на Земјата.

Следните мисии, што во моментов ги разгледува НАСА, во соработка со Европската вселенска агенција (ЕСА), треба да испратат вселенско летало на Марс за да ги вратат собраните примероци на „Упорност“ на Земјата за натамошна детална анализа.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Кина: Најдовме геометриски форми под површината на Марс

Предраг Петровиќ

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“