Први фотографии на сондата ИнСајт од Марс

Од:

Сондата ИнСајт (InSight) на американската вселенска агенција НАСА ги објави првите фотографии од Марс направени со роботска рака која држи камера. Сондата направи серија фотографии кои НАСА ги претвори во прекрасен мозаик на слики од Марс.

ИнСајт слета на планетата Марс на 26 ноември, а научниците се задоволни што сондата слетала на Црвената планета, на подрачје кое нема камења, ридови и дупки, како што вообичаено се замислува таа планета.

Научниците први можеа да се воодушеват на црвениот песок на Марс.

Сондата пред неколку дена ги сними и првите звуци на ветрот, кој, како што се проценува, бил со брзина од 16 до 24 километри на час. Научниците истакнаа дека станува збор за први звуци од Марс кои човечкото уво може да ги слушне.

Леталото е направено по примерок на претходното – Марс Феникс.

Роботската рака на сегашното летало е долга околу 1,8 метри.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Кина: Најдовме геометриски форми под површината на Марс

Предраг Петровиќ

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“