Прв „Синеплекс“ во Македонија

Од:

Со двојната премиера на најновиот филм од серијалот со Џемс Бонд „Небесен пад“ и на 3Д авантурата „Животот на Пи“ вечер во „Сити мол“ ќе  биде отворенo првото кино „Синеплекс“ во Македонија.

Само вечер киносалите со три ноќни проекции ќе бидат отворени за публиката по промотивна цена од 90 денари. По специјална цена билетите во „Синеплекс“ ќе можат да се набават и секој вторник, кој ќе важи за „ден за кино“ во понудата на компанијата. По отворањето, цената на билетот ќе биде различна, во зависност од филмот и проек­ци­ја­та.

За време на викендот, од 23 до 25-ти овој месец ќе бидат организирани голем број активности. Посетителите на „Синеплекс“ ќе можат да уживаат во забавна програма, 3Д анимација поставена пред самото кино, анимација со кловнови, жонглери, маскоти, танцови двојки и други бројни активности.

Скоп­ски­от „Синеплекс“ има девет сали, најголемата со капацитет од над 330 седишта. Втората по големина има 280 седишта, третата 200, а ос­та­на­ти­те се со капацитет од околу 100 седишта. Вкупниот број на места во си­те сали е 1.465. Седиштата се поставени по стадионски принцип, така што секој гледач ќе има целосен поглед на екранот. Екранот, кој во нај­го­ле­ма­та сала е 14 на 7,6 метри, е поставен од едниот до другиот крај на ѕи­дот. Во сите сали има дигитална техника и 3Д технологија. Има седишта за двојки, а поради стадионски поставените седишта, и децата ќе имаат це­ло­сен приказ на екранот. За најмалите, како интересна премиера се нај­а­ву­ва „Гумениот Тарзан“, со синхронизација на македонски јазик.

Салите ќе мо­жат да се користат и за приватни промоции, ревии, фестивали, за ро­ден­де­ни. Се­мејс­тво­то на „Синеплекс“ е со долга традиција која се негува во Авс­три­ја, Хрватска, Србија, Словенија, Црна Гора и во Италија. Има вкупно 42 ки­на и 271 киносала.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“