Продуцент го тужи Клинт Инствуд поради филмот „Trouble with the Curve“

Од:

Продуцентот Рајан Брукс ја тужи продукцијата компанија на Клинт Иствуд и студиото Ворнер Брос, тврдејќи дека режисерот го украл неговиот труд и го искористил во филмот „Trouble with the Curve“ од 2012 година.

Брукс наведува дека филмот за остарениот безбол скаут, кој ја води ќерката на своето последно регрутарциско патување, ги повредил авторските права користејќи различни елементи од неговото сценарио од 2008 година.

Тој покрена тужба за „завера и кражба на телото, сткруктурата, темата и душата на единственото, оригинално и заштитено сценарио од продукциската компанија и нејзиниот сопственик, и за тоа бара десетици милиони долари.

Брукс чие сценарио прво се викало „Run Down“, а потоа „Omah“, ги тужи Ворен Брос, продукцијата на Иствуд Malpaso Productions, режисерот Роберт Лоренцо и агенцијата United Talent и Gersh. Тврди дека постои голема завера на неговата компанија Gold Glove Productions да и се скратат заслугите за сценариото на филмот, кој многу лошо е прифатен и заработи помалку од 50 милиони долари од проекциите ширум светот.

Пол Меквајер, портпарол на Ворнер Брос, рече дека студиото нема никакви коментари на тужбата.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска