Том Круз и даде до знаење на Кејти Холмс дека очигледно треба да знае една работа, клучот за да се постигне мирен договор за развод е Сури.
Адвокатите на Том го одбија барањето на другата страна, за да се постигне договор што е можно побрзо. Тие велат дека за Том најважно е „да му се дозволи значителна и постојана комуникација со својата ќерка“.
Адвокатот на Кејти рече дека Том ќе може да ја види Сури веднаш штом ќе заврши снимањето на неговиот најнов филм.
Се очекува токму Сури да биде главниот клуч кој ќе ја расплетка бракоразводната парница и целиот договор ќе зависи од неа, иако адвокатите на двете страни велат дека разводот оди без поголеми тегнења од двете страни.