Пред премиерата на „Ад Астра“, Бред Пит испрашуваше астронаут од НАСА

Од:

Холивудската ѕвезда Бред Пит вчера го интервјуираше астронаутот на НАСА, Ник Хејг кој се превртуваше во бестежински услови во Меѓународната вселенска станица.

Пит, од Центарот за контрола на мисиите во Хјустон, практично го испрашуваше астронаутот во пресрет на првото кино-прикажување на новиот вселенски трилер „Ад Астра”, каде што глумецот ја има главната улога.

На прашањето – кој пушта музика на МВС, Хејг одговори: „Имаме различни плеј-листи и ги пуштаме ’на смени’. Тоа е убаво оти имаме меѓународен дух. Убава е промената и да се чуе руска народна музика за време на вечерата“.

Пит потоа го праша и колку е реално неговото движење во услови на нулта гравитација во студио, а на крајот и едно провокативно „стручно“ прашање…

– Кој беше поуверлив, Клуни или Пит?, праша глумецот, знаејќи дека астронаутот веќе го гледал и неговиот филм, како и „Гравитација” од 2013 година, со Џорџ Клуни во една од главните улоги.

– Ти. Аполутно”, одговори Хејг.

Бред Пит во „Ад Астра” глуми астронаут по име Рој Мекбрајд кој патува на крајните делови на Сончевиот Систем за да го пронајде својот татко кој исчезнал, соочувајќи се со мистеријата која му се заканува на опстанокот на човештвото и на Земјата.

Американската Национална агенција за аеронаутика и Вселената пред снимањето на „Ад Астра” пружи стручни совети околу визуелните и техничките прашања. Изгледот на Марс, на пр., е заснован на фотографиите на „црвената планета”.

Филмот својата американска премиера ќе ја има в петок.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска