Се запали станот на Менхетн на холивудскиот актер Роберт де Ниро. За среќа актерот не бил во него за време на несреќата.
Портпаролот на Де Ниро, ја потврди оваа информација, но соопшти дека тој бил надвор од земјата за време на пожарот.
Претставникот за печат на њујоршките пожарникари рекол дека во пожарот кој избил во петокот попладне никој не е повреден и дека огнот е ставен под контрола после еден час.