Потресна слика од Џони Деп од болница: Крвав на носилка по нападот од поранешната сопруга

Од:

Медиумот „The Blast“ објави потресна фотографија од 56-годишниот актер Џони Деп кој лежи на носилка, сликан по наводниот напад од неговата поранешна соприга Амбер Херд.

Славниот актер поднесе тужба против 33-годишната Херд, поради насилство и тортура. На оваа тужба и претходеше и онаа преку која Деп бара од Амбер 50 милиони долари поради клевета.

Таа на тужбата му одговори со фотографија која ја пласираше во јавноста, на која е со модринки и разбушавена коса, а тврди дека сето тоа и го направил актерот.

Амбер тврдеше дека Џони го уништил нејзиниот стан од 3 милиони долари и дека често и се заканувал со смрт и бил исклучително љубоморен.

По повод фотографијата од Џони Деп од болницата се огласил и правниот застапник на Амбер, адвокатот Ерик Џорџ велејќи дека тоа е апсурдно.

– Оваа тужба е апсурдна, навредлива и неточна. Оваа фотографија не докажува ништо освен дека Џони Деп е очаен и сака да го сврти вниманието од неговото злоставување врз Амбер, рече нејзиниот адвокат.

Фотографијата датира од 2015-та година, а Џони е сликан во болница во Австралија, по физичка пресметка со Амбер, кога таа наводно го удирала со стаклено шише, а потоа со цигара му направила видлива опекотина на десниот образ.

До кавгата наводно дошло поради тоа што на Амбер не и се допаднала идејата Џони да состави предбрачен договор со неа.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска