Американскиот рапер и продуцент Пост Малоун го продава својот уникатен „Мекларен Сена икс-пе“ автомобил, попознат како „господарот на Монако“.
Ова е еден од трите експериментални прототипи кои фирмата „Мекларен Беверли Хилс“ ги трансформираше и продаде како прилагодени возила. „Мекларен Сена“ е суперавтомобил со кој му се оддава почит на починатиот бразилски Формула 1 возач Аиртон Сена, кој своевремено забележа шест победи во Монако.
Возилото е обложено со јаглеродни влакна и содржи мноштво црвено-бели шари кои ги претставуваат боите на знамето на Монако. На задниот спојлер има и специјални сопирачки и бројот 12 – оној на Аиртон.
Праговите, вратите, таблата и седиштата се украсени со темноцрвен карбон, што е присутен и на воланот и на централната контролна табла. Внатре има и потпис на Сена, како и рачно нацртана слика како тој го вози својот автомобил. Знамето на Монако е зашиено и на потпирачите за глава, а има и посебни плочки со натпис „Господар на Монако“.
Пост Мелоун е единствен сопственик на овој суперавтомобил и има поминато само 236 километри. Цената не е јавно објавена.