Поранешната девојка на Кори Монтит тврди дека не знаелa за неговата зависност

Од:

Откако беше откриено дека актерот од серијата „Гли“ (Glee), Кори Монтит, почина од предозирање, во медиумите се појави и неговата поранешна девојка Мелори Матуш, која за магазинот „Ас“ (Us) изјави дека не знаела за неговата зависност.

– Кори никогаш не ми зборуваше за неговата зависност. Знаеше да зборува за проблемите кои ги имал како тинејџер, но пред мене никогаш ништо не земал, истакна Малори, која била во врска со актерот пред две години.

Последната девојка на Монтит, Леа Мајкл времето го поминува со неговото семејство, а нејзините портпароли испратија соопштение за списанието „Пипл“.

– Леа е благодарна на љубовта и поддршката која ја доби од семејството, пријателите и обожавателите. Откако Кори почина, Леа тагува со неговото семејство и се труди да помогне околу организацијата на погребот. Настојуваат да си бидат поддршка едни на други во овие тешки моменти, а ние од медиумите бараме да ја почитуваат приватноста на семејствата на Леа и на Кори, се наведува во соопштението.

Резултатите од обдукцијата покажаа дека актерот починал од предозирање со хероин и алкохол.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска