Поради непристојното однесување Хајди Клум повеќе нема пријатели

Од:

Кризата на средните години по се изгледа многу ја погоди Хајди Клум, па членката на жирито „Америка има талент“ во последно време често се забавува, позира во топлес и на сите им покажува колку е вљубена во нејзиното 13 години помладо момче, пишува Radar Online.

– Нејзиното опијанување и непристојно однесување ја доведоа до тоа сега и речиси да нема пријатели. Поминува низ кризата на средните години поради што речиси е невозможно да се комуницира со неа. Хајди, поголемиот број од минатата година ги помина забавувајќи се. Би требало малку да застане и да се соочи со она што ја загрижува, откри изворот.

Причината за нејзиното однесување наводно е раскинувањето со 18-месечната врска со нејзиниот поранешен телохранител Мартин Кристен. Но, славната убавица не губеше време и набрзо се најде во прегратките на Вито Шнабел (27) кој одеше со славната актерка Деми Мур.

Изворот наведува дека поради сето тоа  Хајди не поминува многу време со нејзините четири деца.

– Откако се појави Вито, децата времето го поминуваат главно со дадилката, отрки изворот.

Освен тоа, Хајди многу ја погодило тоа што повеќе не е толку многу популарна како што била.

– Почна да го губи почитувањето и воодушевувањето кое го имаше како госпоѓа Сил, откри изворот за Radar Online.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска