Поплавен раскошниот имот на Џорџ Клуни во Велика Британија

Од:

Скоро целиот имот на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал, кој се наоѓа во Беркшир, беше поплавен од реката Темза, по обилните врнежи од дожд за време на бурата Денис, која ја погоди Велика Британија.

Фотографиите од имотот од 17-ти век пред и по поплавата се шокантни. Тениското игралиште кое се наоѓа во рамките на имотот е целосно под вода, како и тремот на луксузната летна резиденција на Клуни.

Поголемиот дел од имотот е под вода, и ова не е прв пат тоа да се случи, пишува The Sun.

Клуни и неговата сопруга се преселиле на овој имот во 2016 година, по цели 18 месеци реновирање, бидејќи претходно било исто така поплавено.

Познатиот пар, кој доби близнаци во јуни 2017 година, ја купи куќата за непозната сума пари, а имото се најде на продажба во септември 2014 година, по цена од скоро 9 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска