Под засилени мерки за безбедност на Бали се одржува изборот за „Мис на светот“

Од:

Сто дваесет и девет убавици учествуваат денеска во финалето на изборот за „Мис на Светот“, што се одржува на индонезискиот остров Бали, под засилени мерки за безбедност заради закани и протести на исламистите, кои манифестацијата ја прогласија за натпревар на проститутки, пренесоа светските агенции.

Финалето ќе мине под будно око на 675 полицајци во летувалиштето Нуса Дуа, во јужниот дел на островот.

Амбасадорите на САД, Велика Британија и Австралија ги предупредија своите сонародници за евентуални атентати врз манифестацијата, без да дадат други детали.

missouthsudan

Полицијата засега тврди дека не забележала ништо особено.

Во последните месеци илјадници радикални исламисти од различни градови во Индонезија се противеа на одржувањето на изборот на најубавата девојка во светот во нивната земја. Финалето требаше да биде во престолнината Џакарта, но од безбедносни причини властите го префлија на Бали.

Овој рајски остров со хиндуистичко мнозинство се разликува од остантиот дел на земјата, која е доминантно муслиманска.

Локалните жители се навикнаа на туристите во западните делови на островот и не се дразнат од разголената облека на „мисиците“, кои го предизвикаа гневот на радикалните исламисти.

Финалето, што ќе се пренесува во 180 држави, вечерва ќе почне во 20 часот по локално време (12 часот по Гринич), а името на победничката ќе се соопшти околу полноќ по локално време (16 часот по Гринич).

Би можело да ве интересира

Руската мисица смета дека изборот е наместен: Сите бегаа од мене зашто сум Русинка

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Во Хрватска уапсена поранешна мис на Мексико за кражба на вино вредно 1,6 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Скандал на избор за мис – експресно ѝ ја одзедоа титулата на разведена убавица

Жарко Настоски

Мис Мукерџи замина во својата татковина за да и помогне на земјата од Ковид-19

А1он

ВИДЕО: Убавицата од Јамајка прогласена за нова Мис на светот

Ана Ололовска

Во Германија избрана „Мис 50 +“

Ана Ололовска