Почнува Сараевскиот пиво-фест

Од:

Првиот Сараевски октомвриски фестивал на пивото ќе биде отворен в четврток, 3 октомври и ќе се одржи на платото Скендерија во главниот град на Босна и Херцеговина.

– Тоа ќе бидат 25 дена најдобар провод во градот, каде што ќе може да најдете најразлични пива, вкусна храна, бројни занимливости, забава. И, сѐ тоа зачинето со квалитетна музика и тематски ноќи, соопшти Семина Муминовиќ, претставничка на организаторите.

На сцената ќе настапат групите „Про рокс“, „НОБС“, „Тајм аут бенд“, Селам Туфекчиќ и други.

– Ќе има и гости изненадувања кои, секако, сега нема да ги откриеме. На првата вечер, 3 октомври, посетителите ќе ги забавуваат „Вис клаб“, нагласи Муминовиќ.

Би можело да ве интересира

Пивата, соковите и минералната вода од утре со гарантирана пониска цена

A1on

Започна „Октоберфест“, пивото поскапо од минатата година

(ВИДЕО) Гостите на Октоберфест во Минхен скокаа од радост кога ја слушнаа „Каљинка“

Горан Наумовски

Редици во Минхен пред почетокот на фестивалот на пивото – Октоберфест

Нема извоз на германско пиво за Русија, голем проблем за пиварниците од Баварија

Пиварите од Баварија речиси и не испорачуваат пиво во Русија

А1он