Пивата, соковите и минералната вода од утре со гарантирана пониска цена

Од:

На листата производи со гарантирана цена ќе влезат безалкохолните пијалоци, негазираните и газираните, минералната вода и пивото, одлучи денеска Владата. Донесена е нова одлука и за намалување на маржата кај овошјето и зеленчукот со што Владата очекува да се намалат цените од 10 до 30 проценти, соопшти премиерот Димитар Ковачевски.

– Определивме највисока трговска маржа за овошјето и зеленчукот за сите трговци на големо е утврдена во вкупен износ од 10 проценти, а во трговијата на мало е утврдена во вкупен износ од максимални 15 отсто. Следат одлуки за намалување на увозните давачки за свежи зеленчук, ориз и портокали, лимони и мандарини и намалување на царинските ставки за млечни производи над 10 проценти. Со претходната одлука од 19 септември ја намаливме цената на овошјето и зеленчукот на 10 проценти, но министерството за економија увиде дека со намалување на маржите цената ќе се намали за 30 отсто.

Владата очекува дека со гарантирана цена на производите ќе успее да ја стабилизира инфлацијата до крајот на годината. Со септемвриските покачувања на платите и линеарното покачување на пензиите, очекуваме инфлацијата да падне на осум отсто, а кај храната на пет отсто – соопшти Ковачевски после владината седница.

Би можело да ве интересира

До Владата засега не е пристигнато предлог-решение за правична застапеност, вели Митева

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

ДУИ: Одлуката на ЕУ да ја одвои Албанија од Македонија е најголемиот неуспех за владата

Во Охрид во тек е меѓувладината седница на македонската и на унгарската влада

Влада: 250 милиони евра за 357 понудени проекти