До Владата засега не е пристигнато предлог-решение за правична застапеност, вели Митева

Од:

Портпаролката на Владата Марија Митева денеска изјави дека до Владата досега не е пристигнато предлог решение за правична застапеност откако Уставниот суд го укина Балансерот.

Митева вели дека прашањето е отворено и дека ќе се разговара во рамки на коалицијата и ќе се отвори широка дебата. Ставот на Владата е пред да се донесе законското решение, да биде испратено до Венецијанската комисија.

– Во овој момент нема такво решение коешто е проследено до Владата, ниту на владина седница и за истото веднаш штом се создаде можноста, јавноста ќе биде информирана. Во однос на Балансерот којшто е укинат веќе го кажавме ставот дека истиот ј заврши својата употребна вредност така што целиме кон затворање на прашањата коишто во минатото се покажале како непродуктивни и создавање на нови решенија кои ќе значат навистина правична застапеност, рече Митева на денешната прес-конференција во Владата.

По укинувањето на Балансерот, од коалицијата „Вреди“ најавија дека подготвуваат предлог-законско решение. Министерот за здравство Арбен Таравари во сабоатата во изјава за медиумите рече дека законот се подготвува и за оваа недела најави јавна дебата.

-„Вреди“ подготвува нов закон, кој што се надевам идната недела ќе биде во јавна дебата. Ќе бидеме во координација со партнерите во коалиција. Од сите страни е констатирано дека „балансерот“ не функционираше како што треба, изјави Таравари пред почетокот на настанот „World Changers Balkan Summit“ во Филхармонија, рече Таравари.

Во однос на писмото што треба да биде испратено до европските институции за европскиот пат на државата, Митева го повтори ставот на премиерот дека ќе се видат размислувањата на европските претставници кои учествуваат на Самитот на Берлинскиот процес по што ќе се изготви писмото кое ќе биде објавено.

Премиерот Христијан Мицкоски во саботата на прес-конференција во Владата рече дека писмото до ЕУ е во подготовка, но дека пред да го испрати сака да има појасна слика до каде сме и што можеме да направиме. Рече дека ќе оди на самитот на Берлинскиот процес и ќе разговара со голем број европски политичари.

– Не би се согласил дека нема оптимизам. Не би се согласил со ставот дека таму не постои разбирање за нашите позиции, рече Мицкоски, додавајќи дека ако не се смени Преговарачката рамка тогаш „најдобро е да прифатиме се и да се избришеме“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски