36 годишниот глумец и режисер Сејџ Сталоне пронајден е мртов во неговиот дом во Холивуд.
Полицијата известила дека младиот Сталоне го пронашле полицајци кои дошле во неговиот дом по дојава дека неколку дена никому не се јавува, а неговиот адвокат изјавил дека мртвото тело го нашла куќната помошничка.
Њу Јорк Поуст пишува дека младиот Сејџ Сталоне најверојатно се предозирал со таблети и дека не е јасно дали се работи за самоубиство или несреќен случај.
Претставник на Силвестер Сталоне соопшти дека 66 годишниот глумец е потресен од ненадејната смрт на синот.
Сејџ Сталоне е помладиот од двајцата синови од првиот брак на славниот глумец со Саша Чак со која се разведе во 1985, по десет години брак.