Познатиот канадско-американски театарски глумец Ник Кордеро почина по неколкумесечна битка со коронавирусот. Имаше 41 година.
Nick Cordero passed at 11:40am today with his mother and wife by his side. I can honesty tell you I have never met a kinder human being. Don’t believe that Covid only claims the elderly and infirm.
I am so grateful for the time we had. “We’ll catch up some other time.” pic.twitter.com/Oq2a8QsIyH— Zach Braff (@zachbraff) July 6, 2020
Откако пред 95 дена му беше дијагностицирана болеста, глумецот од славниот Бродвеј театар во Њујорк, неколкупати беше вклучен на респиратор.
Во април му беше ампутирана десната нога, по што состојбата му стана полоша, особено со слабеењето на белите дробови. На 5 мај, нему му беше извршена операција за отстранување на дел од ткивото во белите дробови. По десет дена се разбуди од вештачки предизвиканата кома заради операцијата.
Тој почина во Седарс-Синај болницата во Лос Анџелес.
Кордеро беше оженет со Аманда Клутс, исто така – глумица. Пред нешто повеќе од една година, тие го добија синот Едуардо.