Почина актерот Денис Фарина

Од:

Американскиот филмски и телевизиски актер Денис Фарина вчера почина во Скотсдејл, Аризона во 69-тата година од животот.

Фарина е најпознат по улогата на детективот Џо Фонтана во телевизиската серија „Ред и закон“. Тој пред да биде актер работеше како полицаец во Чикаго.

Фарина првпат во филм се појави во 1981 година, во филмот „Крадец“ на Мајкл Ман. Последната улога ја имаше во серијата „Среќа“, каде играше со Дастин Хофман. Серијата беше за трките со коњи и наиде на добри критики, но нејзиното снимање беше прекинато по првата сезона поради пцовисувањето на три коњи.

Фарина има тројца синови, шест внуци и сопругата Мериен Кахил, со која беше во брак 35 години.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска