По тепачката помеѓу свршеникот и поранешниот дечко Хали Бери ја чува полицијата

Од:

Еден ден по тепачката помеѓу поранешниот партнер на глумицата Габриел Обри и сегашниот дечко Оливер Мартинез, Хали Бери доби полициска заштита.

Четириесет годишната холивудска ѕвезда и нејзината ќерка Нала во петокот, во придружба на полицајци отишле во театар во центарот на Лос Анџелес.

Автомобилот во кој се наоѓале бил следен од четворица полицајци на мотори додека дополнителна заштита и обезбедувале нејзините телохранители.

Постојана полициска заштита и е доделена на актерката откако нејзиниот поранешен дечко, манекенот Габриел Обри, со кого ја има ќерката Налу, се степа со нејзиниот сегашен вереник Оливер Мартинез.

До тепачката дошло кога Мартинез на Обри му рекол дека Хали и девојчето сепак ќе се преселат со него во Франција. Моделот тогаш го удрил Мартинез. Следела тепачка во која Обри поминал полошо. Мартинез му скршил неколку ребра, а на актерот му е скршена раката.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска