ПЕТА ја критикува Бијонсе за костумот на Супер Бол

Од:

Бијонсе втор пат во рок од еден месец ги налути ПЕТА, поради костумот на настапот на полувремето на Супер Бол направен од питон, игуана и крава.

„Се обложуваме дека ако Бијонсе ги гледала нашите видеа, веројатно нема повеќе да сака да биде видена во нешто направено од змии, гуштери, зајци или други животни кои умреле болно. Денешната мода оди кон вегански опции, а облеката на Бијонсе на Супер Бол избега од тој тренд“, велат од ПЕТА.

Кожниот костим на пејачката бепе дизајниран од Рубин Сингер, кој бил инспириран од неговата есенска колекција за 2013 година – Доминација на Валкирија. За изработка биле потребни 200 часа со кожа од питон и игуана, најлон, метал, кожа, свила и чипка, пишува Е!.

Ова е вториот скандал на Бијонсе со заштитниците на правата на животните. ПЕТА реагираше и на капутот на пејачката за време на инаугурацијата на Обама, кој беше направен од ласица.

„Што значи кога една од најпознатите пејачи на светот одобрува крзно на таков драматичен начин?“ велат од ПЕТА.

Организацијата истакна дека првата дама Мишел Обама не носи крзно.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска