Славната актерска двојка Пенелопе Круз и Хавиер Бардем чекаат второ дете, потврди извор близок на парот за списанието „Ју-ес викли“. Пенелопе и Хавиер веќе го имаат двегодишниот син Леонардо.
Пенелопе Круз (38) и Хавиер Бардем (43) се венчаа во средината на 2010 година и по шест месеци го добија своето прво дете, синот Лео. Парот се венча на имотот на своите пријатели на Карибите со присуство на само неколку роднини.
Тие почнаа да се забавуваат од 2007 година, по снимањето на филмот на Вуди Ален „Вики, Кристина, Барселона“. Претходно се познаваа над 20 години.