Кога Џенифер Лопез се појавува на црвениот тепих, обично сите други остануваат во втор план.
Атрактивната пејачка и актерка не престанува да воодушевува, и не беше ништо поразлично ниту на доделувањето на “Gotham Independent Film Awards” во Њујорк, каде се појави во транспарентен фустан.
Црн фустан од тул совршено ги акцентираше нејзините женствени облини и одличната фигура на која напорно работи во теретана.
И благодарение на пердувите и златните детали на фустанот, Џеј Ло го врати гламурот кој во последно време се помалку се гледа на црвениот тепих.
Дополнителна доза на гламурот за целиот изглед додаде прекрасната пунџа како и вечерната шминка.