Парис Хилтон, богатата наследничка е снимена како ја критикува геј популацијата. Таксист ги снимил неа и нејзиниот пријател кога Парис искоментирала:
„Гејовите се „најзапалените“ луѓе на светот. Тие се одвратни. Повеќето од нив имаат СИДА. Би била многу уплашена ако сум геј“.
Нејзиниот претставник за медиуми издаде соопштение во кое се наведува дека „Парис Хилтон ја поддржува геј заедницата и никогаш намерно не би изнесувала негативни ставови кога е во прашање сексуалната ориентација“.