Памела Андерсон, најпознатата русокоса во светот, ќе учествува на претстојното издание на VIP Brother, откриваат од бугарската Nova телевизија.
Андерсон ќе пристигне во Бугарија следната недела со лет од Рио де Жанеиро за да се вклучи во стартот на риалити шоуто.
Андерсон веќе три пати учествувала во Big Brother, а тоа ќе биде нејзиното прво учество во VIP изданието на формата.
Нејзината последна ваква манифестација беше во септември минатата година во Англија. Памела се има појавено во Big Brother во Индија и Австралија, односно во 2010. година и 2008. година
Од бугарската телевизија открија дека преговорите за учество на Андерсон ги обезбедиле пред два месеци откако имале вкупно 57 телефонски разговор со нејзиниот агент.
Тимот на Big Brother објави дека се исклучително среќни што имаат ѕвезда од овој ранг во Куќата.