Од сираче и „ѓаволско дете“ до примабалерина

Од:

Михаела Де Принс од Сиера Леоне има само 17 години, а за нејзиниот живот веќе може да се напише новела или сними филмска приказна.

Нејзиниот татко го убиле бунтовници, мајка и умрела од глад, а неа поради кожната болест во сиротилиштето ја нарекле „ѓаволско дете“. Но овој „црномурест лебед“ и пркости на судбината и неодамна го имаше своето балетско деби во театарот „Јобург“ во Јужна Африка.Уште во времето додека Сиера Леоне, беше зафатена во виорот на граѓанската војна, оваа девојка пред портата на сиротилиштето здогледала магазин и во него фотографија на балерина.

„Изгледаше толку среќно, што морав да ја искинам сликата и да ја сокријам во долниот веш. Секоја вечер ја гледав и сонував како изгледа таа во ралниот свет“ – раскажува Михаела, чие родено име е Мабинти, за лондонски „Гардијан“

Девојката чиј татко го убиле бунтовници кога таа имала само три години, а мајка и и браќа умреле од глад, била однесена во дом за деца без родители бидејќи семејството не можело да се грижи за неа. И од тогаш оваа девојка поминала безброј тешки денови. Но драгоцената фотографија, вели и влевала снага и и подарила нов живот. „ Секогаш бев гладна, од оваа перспектива не знам како преживеав“ – раскажала балерината.

Еднствената воспитувачка во сиротилиштето, која се грижела за Михаела да не умре од глад и да научи по нешто, востаниците ја убиле во поодмината бременост. Во сиротилиштето Михаела сепак сретнала другарка за цел живот, Миа, која подоцна и станала и усвоена сестра.

Кога сиротилиштето во кое престојувале било бомбардирано, девојчињата биле преместени во бегалски логор. Таму во 1999 година доаѓа брачен пар од Њу Џерси, Чарлс и Елен Де Принс, кои сакале да посвојат дете. Ја одбрале Миа. Но кога воспитувачките им кажале дека Михаела најверојатно нема да ја преживее таа тага доколку ги разделат, а и поради изгледот најверојатно никогаш нема да биде посвоена, семејството одлучило да ја посвои и неа и уште едно девојче.Тоа за неа значело нов живот.Доаѓањето во САД пак било сосема нов свет за неа.

„Секој ден пребарував по торбите на мајка ми, бидејќи мислев дека некаде мора да ги најдам балетанките. Кога мајка ми ме праша што правам, јас и ја покажав сликата. А таа ме охрабри и ме посоветува дека морам многу напорно да вежбам и мојот сон ќе биде реалност“.

Михаела, со подршка на родителите го завршила престижното училиште за балет „Жаклин Кенеди Оназис“ во Њу Јорк.

Сепак Америка сеуште не е подготвена за црномуреста Марија во „Оревокршачка“. Затоа дебито Михаела го имаше во Јужна Африка. Сонува еден ден да отвори и балетско училиште во родната Сиера Леоне.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска