Со цел да го преброди Качер, Деми Мур очајно сака да се докаже пред јавноста, па измислила дека е во врска со Мартин Хендерсон.
Таа наводно ја измислила оваа врска со актерот од Нов Зеланд да за покаже дека го пребродила својот развод и не пати повеќе по својот помлад екс љубовник и сопруг, кој веќе има нова девојка.
„Деми ја измислила целата приказна. Таа се дружи со Мартин, очајнички се обидува да покаже дека го заборавила Ештон и има ново момче.
– Но, тоа не е точно. Тие се само пријатели, а Мартин ја жали Деми, па се обидува да и помогне. Него воопшто не го интересира врската со неа“, изјавил неименуван извор за американскиот таблоид „National Enquirer“.