Нови обвиненија: Бил Козби ме силуваше кога имав 15 години

Од:

Педесет и петгодишната Џуди Хут го обвини американскиот комичар Бил Козби дека сексуално ја злоставувал во Плејбој вила, во 1974 година, кога таа имала само 15 години.

Ова е само уште една во низата обвиненија против славниот комичар, кога во последниве недели за силување го обвинија дури 20 жени.

kozbisiluvanje

Хут завчера пред судот во Лос Анџелес поднесе тужба за сексуално злоставување и нанесување на душевна болка, со што угледот и кариерата на Козби претрпе уште еден силен удар.

Во обвинението се наведува дека Џуди со својата пријателка, која тогаш имала 16 години, го запознала Козби во тек на снимање на негова емисија и потоа ја прифатила поканата да го посети во тенискиот клуб. Според нејзините зборови таму им бил понуден алкохол, а играле и билјард.

kozbisiluvanje1

-Негови услови за играта беа да пиеме пиво, секој пат кога тој ќе победи. Потоа рече дека има изненадување за нас и не однесе во блиската куќа на Беверли Хилс за која се испостави дека е Плејбој вила на Хју Хефнер. Им рече на девојките да кажат дека имаат 19 години-рече Џуди и продолжи да раскажува за сексуалното злоставување.

Адвокатот на Козби, Мартин Сингер изјави дека комичарот се уште не се огласил по повод најновите обвиненија. Инаку тужбата е пуштена само ден откако Козби поради останатите обвиненија поднесе оставка во одборот на доверители на Универзитетот Темпл, бидејќи тоа од него го побараа илјадници потписници на онлајн петиција.

– Секогаш бев горд на својата врска со универзитетот. Сакав да го направам најдоброто за установата и нејзините ученици и како резултат на тоа ја давам оваа оставка -рекол Козби.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска