Поминаа повеќе од десет години од нивниот последен албум, но овој калифорниски бенд нема намера да стави крај.
Фронтменот на групата No doubt, Гвен Стефани го откри насловот на новиот албум.
„Се надеваме дека сите не следите, затоа што имаме важни вести. Додека го завршувавме албумот, одлучивме да го наречеме „Push and Shove“, напиша Гвен на Твитер.
Првиот сингл на албумот, „Settle Down“, ќе биде објавен во сабота, на 16. јуни, а групата премиерно ќе настапи на Teen Choice Awardsu во Лос Анѓелес.
Својот последен албум „Rock Steady“, групата го издаде 2001-та.