Ништо од помирувањето на Северина и Милан

Од:

Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ успеаја да ги изгладат односите, сепак, од помирување засега нема ништо, тврдат блиски пријатели на пејачката во разговор за “Блиц”.

Како што велат тие, Северина сега е горда што успеала да воспостави нормален однос со таткото на својот син, Александар … Сепак, кон него повеќе не осеќа љубов и емоции кои тогаш ги доведоа до веридба.

– Северина, по страдањето од лошите односи со Милан и одлуката да го напушти заедно со детето засекогаш, успеала да се соземе и да се концентрира на работата. Го врати мирот и довербата, раскажува пријател на Северина.

Тој исто така вели дека со текот на времето, стивнале и емоциите кои ги негувала кон Поповиќ.

– Сега овие емоции се сосема различни и добиле друга форма. Во него, таа сега гледа само татко на нејзиното дете и сака и тој заедно со неа да биде присутен во неговото растење и живот – објаснува пријателот на пејачката.

По јавно признание на Милан дека сеуште е лудо заљубен во Северина, сите очекуваа да дојде до помирување.

Пејачката настапи на новогодишната ноќ во Белград, а во клубот сите го очекуваа Милан, кој не се појави. Сепак, поранешниот вереник испрати огромни подароци на домашната адреса на пејачката. Подароци за неа и Александар.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска