Актерката Никол Кидман присуствуваше на церемонијата по повод „Златниот глобус“ синоќа во Беверли Хилс и по црвен тепих прошета во солзи поради ужасната вест што непосредно пред настанот ја дознала.
Поточно, актерката дознала дека нејзиниот семеен дом во Австралија е изложен на голем ризик од пожар, кој во моментот е проширен по целиот источен брег на континентот.
Никол, која имаше доволно сила да се насмее на фоторепортерите, сепак не можеше да ги задржи солзите, па се расплака и не можеше да дава интервјуа.
– Се извинувам. Но, јас сум премногу вознемирена во моментов порадисето она што се случува во Австралија, рече Никол, која изгледаше многу тажно и уморно, пишува „Ју-ес викли“.
Светски познатата актерка и една од најголемите sвезди во Австралија заедно со сопругот, австралискиот музичар Кит Урбан, донираше петсто илјади долари на „Rural Fire Services“, кои се борат против пожарот во Австралија.