Не биле толку среќни со години: Дали се Џенифер и Бред повторно во врска?

Од:

Бред Пит и Џенифер Анистон повторно се во љубовна врска, пишува „Мирор“, а нивните пријатели откриле дека поранешните сопружници се обидуваат да ја вратат љубовта, страста и довербата што ја имаа додека биле во брак.

Бред и Џенифер најмалку пет пати беа на љубовни состаноци, пред историската средба на црвениот тепих, тврдат нивните пријатели. Двајцата, наводно, празниците ги поминале заедно во вилата на актерката

„Мислам дека таа никогаш не престана да го сака, иако и го скрши срцето кога отиде со Анџелина Џоли. И требаше долго, но таа му прости се. Тоа е главниот чекор ако сакате да продолжите понатаму“, рече пријател на Џенифер.

– Единствено за што зборува е Џенифер. Тие ја обновија својата романса и јас не сум ги видел толку среќни со години, рече колега на Бред.

Кога го прашаа Пит на црвениот тепих, дали Џенифер ќе му прави друштво на доделувањето на Оскарите, тој се насмевна и се зацрвени, велејќи дека нема придружба. На прашањето на еден новинар, за врската со Бред, таа имаше подготвен одговор.

– Тоа е смешно. За што се луѓето зборуваат, рече Џенифер.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска