Холивудската ѕвезда Натали Портман и францускиот кореограф Бенжамен Милпје ќе се венчаат најдоцна ова лето во Калифорнија, наведуваат американските медиуми, повикувајќи се на изјавата на близок пријател на двојката.
Според списанието „In Touch“, свадбата е закажана за 5-ти август, а ќе се одржи во Калифорнија, омиленото место за одмор на Портман.
Актерката, наводно, не планира голема свадба, дури нема намера ниту да купи фустан за таа прилика.