Натали Портман: Не сум била во врска со Моби, тој е морничав стар човек

Од:

Откако Моби во својата автобиографија тврдеше дека бил во врска со Натали Портман, таа го негираше тоа и нагласи дека за неа тој бил само „морничав постар човек”.

Моби (53), чие вистинско име е Ричард Мелвил Хол, тврди дека пред 20 години неколку недели бил во врска со глумицата и дека таа го започнала флертувањето со него зад сцената на еден од неговите концерти.

– Бев ќелав и пиев повремено, а таа беше убава филмска ѕвезда. Но, беше тука, во мојата соблекувалната, и флертуваше со мене. Јас имав 33, а таа 20 години, но тоа беше нејзин свет. Неколку седмици се обидував да ѝ бидам момче, но не успеав. Морав да ѝ кажам дека паниката ми е премногу неудобна околу тоа да бидам во врска, но една вечер ми се јави на телефон и ми рече дека запознала некој друг. Ми олесни, бидејќи сепак не морав да ѝ кажам колку сум оштетен, пишува Моби.

Натали вели дека тие никогаш не биле во врска и оти тој е „еден постар човек, кој знае малку и да претера“.

– Нашето познанство не беше врска. Неговото сеќавање е како на чуден постар човек кој кон мене се поставил прилично морничаво. И немав 20, туку 18 години. Бев тинејџерка, која штотуку заврши средно образование, истакна Портман.

Таа го искритикува и неговиот издавач, оти не ги проверил фактите пред книгата да оди во печат.

Би можело да ве интересира

Рок-ѕвездата Рик Окасек пронајден мртов во Њујорк

Ана Ололовска

Бритни Спирс загуби дел од старателството врз своите деца

Ана Ололовска

ВИДЕО: Мајли Сајрус го дели домот со својата девојка

Ана Ололовска

Почина модниот фотограф Петер Линдберг

Ана Ололовска

Рита Ора критикувана поради својата проѕирна тоалета

Ана Ололовска

Мерил Стрип ќе глуми во црна комедија

Ана Ололовска