Откако својата модна кариера од модните писти ја пресели во првите редови поред нив, модната јавност беше разочарана што црномурестата убавица не ја гледа како чекори на модните патеки.
На воодушевување на сите убавицата со беспрекорна става, се врати на пистите на ЊуЈоршката модна недела носејќи ги моделите на познатиот креатор Зак Позен.
Ревијата во моден смисол не донсе никакви изненадувања, бидејки Позен остана доследен на женствениот стил кој не се плаши од бои и кои и ласка на женската силуета.
Но факторот изненадување секако беше модната икона, која по долго време се појави во улога на модел.
Во краток фустан, на кој ременот одлично го нагласуваше нејзиниот струк и бујното деколте – Наоми повторно докажа зошто го носи епитетот кралица на модните писти.