Наоми Кембел нападна телевизиски камерман

Од:

Наоми Кембел уште еднаш во јавноста го покажа својот див темперамент, при што овој пат нејзиниот бес на своја кожа го почуствува еден телевизиски камерман.

Имено, како што јави Ен-Би-Си, камерманот, кој тврди дека случајно се нашол крај автомобилот на Кембел пред еден хотел во Куба додека таа одела кон своето возило, почнал да ја снима манекенката.

Откако виделе дека снима, нејзините телохранители неколку пати го замолиле камерманот да ја исклучи камерата, но тој бил упорен и не се откажувал. Телохранителите продолжиле со предупредувања, најверојатно свесни дека е само прашање на време, кога Наоми неконтролирано ќе збесне, што на крајот и се случило.

Таа тргнала кон упорниот камерман и го предупредила да престане да снима, но кога тој и натаму продолжил со снимањето, Наоми го турнала.

Телохранителите се обидувале да ја смират целата ситуација во што на крајот и успеале, но камерманот сепак снимил добар дел од „нападот“.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска