Списанието Форбс објави листа на најмноќните жени во светот за оваа година. Покрај политичарките, финансиските стручњаци и деловните жени, се најдоа и некои дами од музичката и филмската индустрија.
Прва помеѓу нив е Лејди Гага, која се наоѓа на 14-тото место, втора е Бијонсе, на 32-то место, Џенифер Лопез на 38-то место, Шакира на 40-тото. Една од ретките актерки на оваа листа е Анџелина Џоли која го зазема 66-тото место.
Медиумските моќници како Опра Винфри и Елен Деџенерис го заземаа 11-тото односно 47-то место.
На врвот на листата на Форбс се дамите од политиката. Германската канцеларка, Ангела Меркел е на првото место, државниот секретар на САД, Хилари Клинстон на второто, првата дама Мишел Обама на седмото. Британската кралица е на 26-тото место.