Најчудната холивудска двојка: И понатаму изгледаат заљубено, а не се заедно од 2015-та

Од:

Најмалку еден ден во неделата оваа екс-двојка поминува заедно со своите три деца.

Станува збор за Бен Афлек и Џенифер Гарнер кои некогаш важеа за „златна холивудска двојка“, но во очи на 10-годишнината од бракот тие ги шокираа обожавателите со веста дека се разведуваат.

Тие се запознаа во 2001-та на снимањето на филмот „Pearl Harbor“, а две години подоцна се сретнаа во филмот „Daredevil“, но љубовта пламна дури во средината на 2004-тата година. Двојката веќе следната беше во брак, а до разводот добија три деца.

Наводно Џенифер била таа на која и досадиле проблемите на Бен со алкохолот и коцката, но и бројните неверства кои ги толерирала низ годините.

Новата „најубава жена на светот“ според изборот на „People“, Гарнер, последните неколку месеци е во среќна врска со бизнисменот Џон Милер, додека Бен среќата ја пронајде со холивудската продуцентка Линдси Шукс за која се „шушкаше“ дека извесно време му била и љубовница.

И покрај новите љубови, двојката често може да се види заедно. На последните папарацо фотки тие изгледаат како да се заљубени еден во друг.

Сепак од некакво љубовно помирување меѓу актерите нема ни трага.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска