За актерката и манекенка, Камила Мороне која плени со својот изглед и природни облини, јавноста дозна кога го освои еден од најголемите холивудски заводници Леонардо Дикаприо.
Сексапилната Аргентинка го маѓепса светот со својата убавина, а на нејзините природни облини би можеле да и позавидат многу жени.
Младата убавица облечена во златна деколтирана креација на еден филмски фестивал покажа на што „паднал“ Леонардо.
22-годишната Мороне и 44-годишниот Дикаприо се во врска од 2017-та година, меѓутоа во јавноста избегнуваат да се појавуваат заедно.
Нив ги запознал многу близок пријател на Леонардо, актерот Ал Пачино и тоа кога таа имала само 10 години.