На „Октоберфест“ се испија 6,7 милиони литри пиво

Од:

„Октоберфест“, најголемиот фестивал на пивото во светот, годинава го посетија 6,4 милиони гости, кои испија 6,7 милиони литри пиво.

Ова е билансот на вчера завршениот собир, на кој посетителите 15 дена ги забавуваа и воодушевуваа полничките баварски келнерки, носејќи во рацете и по десетина кригли со пенливо пиво.

Организаторите на фестивалот соопштија дека се задоволни од билансот, а статистиката вели дека освен пиво, волови на ражен, бели и баварски колбаси и други деликатеси во кои уживаа гостите од целиот свет, имало и пијани и повредени, а 7.551 гости побарале лекарска помош, главно поради пијанство.

oktoberfest20132

Оние кои претерале со алкохолот, меѓутоа, биле дури за 20 отсто помалку отколку минатата година, покажува статистиката, а од Црвениот крст наведуваат дека дури може да се каже дека ова беше мирен Октоберфест.

Освен лекарите, сите овие денови работеа и полицајците така што на овој, 180-ти Октоберфест, полицијата интервенирала 2.031 пати, точно како и минатата година.

– Многу работа, но ова беше еден нормален Октоберфест, рече портпаролот на минхенската полиција Волфганг Венгер на крајот на забавата.

Годинешниот фестивал беше отворен на 21 септември, а честа да го отвори првото буре пиво и со тоа да го означи почетокот на фестивалот му припадна на градоначалникот на Минхен, социјалдемократот Кристијан Уде, кој со два удара, го отвори бурето и тоа се случи за последен пат, бидејќи одлучи веќе да не се кандидира за градоначалник.

Октоберфест, заштитниот знак на Баварија, се оддржува речиси два века, а се почнало со голема коњска трка на свадбата на престолонаследникот Лудвиг Баварски и принцезата Тереза Саксонска, во 1810 година.

Затоа и полјаната каде се оддржува фестивалот е наречена „Ливадата на Тереза“. Во почетокот било планирано забавата во знак не сеќавање на свадбата на Лудвиг Баварски да трае неколку дена, но потоа таа се продолжила на две недели.

Фестивалот секогаш почнува на крајот на септември, а организаторите го имаат испланирано времето за оддржување на Октоберфест за следните десетина година.

Би можело да ве интересира

Пивата, соковите и минералната вода од утре со гарантирана пониска цена

Орце Костов

Започна „Октоберфест“, пивото поскапо од минатата година

(ВИДЕО) Гостите на Октоберфест во Минхен скокаа од радост кога ја слушнаа „Каљинка“

Горан Наумовски

Редици во Минхен пред почетокот на фестивалот на пивото – Октоберфест

Нема извоз на германско пиво за Русија, голем проблем за пиварниците од Баварија

Пиварите од Баварија речиси и не испорачуваат пиво во Русија

А1он