На аеродромот во Лос Анџелес откриени џиновски полжави

Од:

Американските цариници во меѓународниот аеродром во Лос Анџелес запленија пратка од Лагос, во која се наоѓале 67 џиновски африкански полжави.

Тие полжави се гурмански деликатес во Нигерија. Пратката стасала заедно со документи на кои пишува дека полжавите се наменети за конзумација. Соодржеле адреса и немало обид за криумчарење во земјата, соопшти американската царина. Но на тие полжави се однесува забраната за влез во земјата, затоа што се сметаат за штетници кои претставуваат закана за земјоделството, животната околина и јавното здравје.

Станува збор за инванзивен вид, кој се храни со големи количества на 500 видови растенија и снесува 1.200 јајца годишно. Освен тоа, во себе можат да носат паразити кои предизвикуваат менингитис.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ