За списанието Vanity Fair славната глумица Миа Фароу зборуваше за својот однос со пејачот Френк Синатра, со кого беше во брак од 1966 до 1968 година. Тогаш таа имаше 21 година, а Синатра 50 години.
Фароу изјави дека тој бил нејзината голема љубов и дека никогаш не раскинала вистински со него.
– Можно е, одговори на прашањето дали Ронан (25) е син на Синатра. Тоа би значело дека синот го направил на 73 години од животот, како што тоа на Твитер го напиша самиот Рон.
До сега се веруваше дека татко му е Вуди Ален.
Момчето никогаш не направило ДНК тест.