Иако има имиџ на „студена кралица“ која во јавноста не се смее, едно нешто сепак ја натера да се насмее.
Викторија Бекам има страст за модата што ја направи една од највлијателните модни дизајнери на денешницата, а нејзината последна ревија за пролет 2013 публиката ја дочека со аплауз што ја предизвика долго очекуваната насмевка на нејзиното лице.
Неколку пати во интервјуата го објаснуваше својот „страв од смеење“ во јавноста зашто не изгледала убаво. Но сепак, на ревијата заборави на своите комплекси и се насмеа.